Мајка на починатата Моника од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мајка на починато дете од Кочани реагира на тајните средби на Мицкоски со дел од родителите на загинатите во трагедијата во Кочани.
Родителите се со име и презиме! Бараме сега јасно и гласно и јавно да се претстават пред сите нас родители на кои некрофилски ни забиваат не ножеви во грб, туку секири ни забиваат, а глодарски ни ги распарчуваат и така скршените и распарчени наши души, а тоа што ни го прават ниту нашите агнели не ни ги оставаат да почиваат во мир. Арам и срам да се нема бре!
Кога идевме за Скопје зошто не малтретираа на тоа пеколно жешко и не не удостоија а има издвоен состанок со сите родители? Секоја задоцнета реакција си има последици. И како тие жени, мајки, медицински сестри, наставнички, професорки и од други професии не ли се пронајдоа како понижени дека се враќаат во нокните часови и дена нивните деца се безбедни? И тоа не ми е јасно – стои во објавата на Фејсбук.







