Мајката која го сними сопругот како го тепа детето: Слободно се шета, му следува викенд, не е ли опасен за децата и за мене?

Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг како го тепа нивното дете во скопската населба Драчево, повторно реагира, лута на институциите, бидејќи, како што вели, насилниот татко е на слобода.

Снимката тогаш предизвика силни реакции во јавноста и беше повод за покренување постапка против 28-годишниот скопјанец.

Жената во објава на Фејсбук, жестоко ги критикува институциите, обвинувајќи ги дека не ги заштитиле неа и нејзините деца.

„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала дека не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа

Back to top button
Close