Мајката на Христијан Мицкоски позитивна на коронавирусот, тој тврди дека немал контакт со неа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврди денеска  за ТВ Телма  дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот.

Мицкоски додаде и дека тој немал контакт со неа и таа е изолирана во нејзиниот дом. Затоа Мицкоски потврди и дека нема да ги паузира своите активности, оценувајќи дека нема опасност тој да е заразен со коронавирусот

Back to top button
Close