Мајката на убиецот Коста К. стравува за неговата безбедност и бара дополнително обезбедување

Миљана Кецмановиќ, мајката на Коста Кецмановиќ, кој во мај минатата година изврши масакр во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, стравува за неговата безбедност и бара дополнително обезбедување на Клиниката за неврологија и психијатрија во која е сместен, но и да му се дозволат посети.

Таа се пожалила затоа што на Коста не му дозволуваат посета, а наводно стравува и за неговата безбедност на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград и бара посебен надзор над болницата бидејќи стравува дека некој ќе се обиде да му наштети на нејзиниот син

– Таа нема ни тронка чувство, мисли само на синот убиец, уште се жали дека нема посети, а на самата и е забрането да комуницира со него и да има контакт, којзнае што би се обидела да го наговори да каже на судењето – вели изворот за српскиот портал.

Back to top button
Close