Мајката на убиецот од Младеновац: Син ми ми го направи животот пекол

По масакрот во Младеновац, Билјана Блажиќ, мајката на Урош Блажиќ (21), убиецот од Младеновац првпат јавно проговори за порталот Republika.rs. Тврди дека нејзиниот син и го направил животот пекол и дека се чувствува лошо.

Истовремено медиумите пишуваат и за тоа што се е пронајдено во „мерцедесот“ од кој Урош го извршил масакрот.

Според сознанија на „Телегараф.рс“, полицијата пронашла автомобил „мерцедес“ за кој постојат сомнежи дека бил користен од страна на Урош во масакрот.

„Во него се пронајдени три празни рамки од автоматска пушка. Неколку рачно изработени бомби, многу муниција и пиштоли. Автомобилот е сопственост на неговиот татко и е испратен на вештачење“, вели извор близок до истрагата.

Мотивот за пукањето било тоа што, според него, луѓето го нарекувале со погрдни имиња и често го озборувале него и неговото семејство.

Back to top button
Close