Мајката на убиениот Александар од прилепско: Јас го жалев убиецот на син ми, оти беше без татко, тој сите не зацрни!


Не можеме да се совземеме од трагедијата која ни се случи. Нашиот син Александар повеќе го нема, и постојано се прашуваме дали ова можеше да се спречи. Нели знаела мајката на убиецот дека тој има ножеви, дека е проблематичен, нели знаеле нешто од Центарот за социјална работа од Прилеп, кога и на училиште се однесувал проблематично? – со растреперен глас за ,,Фокус” зборува Маријана Димова од Сенокос, Прилеп.

Животот на нејзиниот син Александар (14) згасна на 29-ти февруари, околу 19.30 часот. Беше усмртен со десет убоди од нож, а осомничениот 16-годишник, веќе е во 30-дневен притвор, определен од судија за деца, а по барање на прилепското обвинителство.

Маријана вели дека момчето осомничено за убиството на Александар го знаела од видување, бидејќи живеат во исто место, а во минатото повремено се дружел и со нејзиниот син. Раскажува дека таткото на осомничениот починал пред околу 12 години, бил убиен од човек од селото, и таа дури кога го гледала како мало момче, го сожалувала

Целиот текст на Фокус.мк

Back to top button
Close