Мајкл Мартин по вторпат избран за премиер на Ирска

Ирскиот вицепремиер Мајкл Мартин денеска по вторпат беше именуван за премиер на Ирска, избран со гласовите на пратениците од коалицијата на две големи партии од десниот центар и независни пратеници.

Коалицијата е составена од традиционалните ривалски партии Фине Гејл (Fine Gael) и Фијана Фол (Fianna Fail), а независните политичари во гласањето го заменија помалиот коалициски партнер Партија на зелените, која загуби најголем дел од своите места во Парламентот.

Гласањето за избор на Мартин, првично закажано за среда, беше одложено, кога Парламентот беше суспендиран четири пати по протестите на опозицијата поради правото на говор на независните пратеници кои ја поддржуваат новата коалиција.

Мартин (64) беше премиер на Ирска од 2020 до 2022 година пред да ја предаде функцијата на партијата Фине Гејл во втората половина од неговиот мандат.

Според договорот постигнат по изборите на 29 ноември, премиерот во заминување Сајмон Харис треба да се врати на премиерската функција на крајот на 2027 година. Харис ќе го замени Мартин како вицепремиер, и најверојатно ќе ја преземе функцијата министер за надворешни работи, додека Паскал Донахо, претседател на групата министри за финансии од еврозоната, ќе се врати како министер за финансии

Back to top button
Close