МААЕ: Иран додаде напредни центрифуги за збогатување ураниум во Натанц

Иран во својата подземна фабрика во Натанц почна со збогатување на ураниум во четвртата каскада или со кластер на напредни машини, центрифуги ИР-2м од новата генерација, наведува Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во својот најнов извештај, објавен денеска.

Станува збор за продолжение на кршењето на меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година со светските сили и последниот во низата потези со кои Иран се обидува да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден во натегањата меѓу двете земји кој прв ќе направи отстапка за да се спаси договорот.

Иран од 2019 година почна да го крши договорот како одговор на унилатералното повлекување на САД од меѓународниот договор и повторното воведување санкции за режимот во Техеран.

Според договорот, Иран може да прочистува ураниум само во фабриката за збогатување на гориво во Натанц (FEP), користејќи центрифуги IR-1 од првата генерација. Минатата година, Иран почна да додава напредни центрифуги што можат да збогатат ураниум многу побрзо од IR-1.

Иран пријави до МААЕ дека има намера во Натанц да користи шест кластери од машини IR-2m  за прочистување на ураниум до пет проценти физичка чистота.

Во извештајот на МАЕЕ се наведува дека досега се инсталирани два кластери, но се уште не се збогатени со ураниум. Инсталирањето на втората каскада на машини IR-4 се уште не е почнато, се додава во извештајот.

Според извештајот на МААЕ, „Иран во Натанц користи 5.060 IR-1 центрифуги инсталирани во 30 каскади, 696 IR-2m центрифуги инсталирани во четири каскади и 174 IR-4 центрифуги во една каскада за збогатување на природниот UF6 – ураниум хексафлуорид до пет проценти од физички У- 235“.

Back to top button
Close