МААЕ изрази загриженост поради непријавениот нуклеарен материјал во Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска изрази „длабока загриженост“ за можното присуство на нуклеарен материјал во непријавено складиште во Техеран.

Извештајот на МААЕ, во кој имале увид некои светски агенции, е составен во затегната ситуација, бидејќи Иран од денеска формално ја ограничи контролата на своите нуклеарни постројки на агенцијата на ОН.

МААЕ веќе го спомна тој магацин во ноемврискиот извештај, додавајќи дека објаснувањата на иранските власти не се веродостојни.

– Присуството на честички од ураниум (кои се резултат на човечки активности), што Иран не ги пријави, јасно укажува на присуство на нуклеарен материјал или опрема во контакт со таков материјал на тоа место, наведува МААЕ.

Агенција на ОН со седиште во Виена додаде дека Иран за тоа сè уште не доставил „потребни, целосни и технички веродостојни објаснувања“.

Back to top button
Close