МААЕ: Техеран не успеа да објасни траги од ураниум

Техеран не успеа да го објасни потеклото на трагите на преработен ураниум пронајдени на неколку непријавени локации, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објавен денеска.Агенцијата на ОН исто така наведува дека не е во можност да пристапи до податоци важни за следење на нуклеарната програма на Иран од крајот на февруари, кога таа држава почна да ги ограничува меѓународните инспекции на своите постројки.

Иран почна со ограничување на инспекциите за да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за укинување на санкциите кои беа повторно воведени откако тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор на Техеран и светските сили во 2015 година.

Во Виена во моментов се водат разговори за повторно вклучување на САД во нуклеарниот договор.

Back to top button
Close