МААЕ веќе нема да има пристап до податоците од Иран
-Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Бејкер Калибаф денеска изјави дека вчера истече тримесечниот договор за надзор меѓу Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Од 22 мај и на крајот на тримесечниот договор, агенцијата нема да има пристап до податоците собрани од камерите во нуклеарните постројки договорени со спогодбата, рече Калибаф.
МААЕ претходно оваа недела соопшти дека е во разговори со Техеран за продолжување на договорот за мониторинг.