Мадиќ: На многу мал број на гласачи кои немале активна регистрација им било оневозможено гласање

Многу мал број на гласачи кои немале активна регистрација, не успеале да го остварат правото да гласаат на изборите за нов претседател на СДСМ, вели Викторија Аврамовска-Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија во партијата. Според неа, станува збор за дваесетина лица на ниво на цела држава, каде се спроведува гласањето.

„Морам да напоменам дека денеска право на глас имаат сите оние кои што се запишани во избирачкиот список, активно се регистрирале на два начини, едниот е онлајн или со пријава во општинската организација и во себе поседуваат црвена членска книшка, бидејќи системски мора да гласаат преку читачот. Сите оние кои ги има во избирачкиот список, а во моментот немаат книшка ја изгубиле или е општетена, ЦИК издава членски книшки кои имаат желба да дојдат да ја подигнат преку општинската организација.

Вчера имаше издавање на членски книшки и во текот на денот кажавме дека сето тоа може. Станува збор за многу мал број на лица кои тврдат активно се регистрирале, а системот не ги покажува дека на ниту еден начин биле активно регистрирани,“рече Аврамовска-Мадиќ.

Back to top button
Close