Мадона задржана на интензивна нега – ќерката ја пронашла во бесознание

Поради здравствени проблеми, Мадона заврши во болнива, каде што била задржана на одделението за интензивна нега.

Веста за компикациите со здравствената состојба на кралицата на поп музиката Мадона првобитно ја објави нејзиниот менаџер, во соопштение во кое се наведува дека поради нејзината лоша здравствена состојба таа е приморана да ја откаже турнејата.

Мадона ја пронашла без свест ќерката во Њујорк, па веднаш потоа таа е итно префрлена во болница, пишува Пејџ сикс“.

Како што пишува медиумот, по приемот во болница таа е интубирана. Сега е во свесна состојба и се опоравува.

Нејзината ќерка Лурд Лоен била покрај пејачката додека се наоѓала во тешка здравствена сотојба.

Извор за „Пејџ сикс“ откри дека Мадона е пуштена од одделението за интензивна нега.

Гај Озири, менаџерот на пејачката објасни дека Мадона уште е под медицинска нега, и дека поради компликации на нејзината здравствена состојба се одложуваат сите нејзинтие деловни обврски.

Мадона има 64 години.

Back to top button
Close