МАГАРЕШКА КЛУПА

Ми е срам кога ги слушам вестите дека во 21 век ни умираат деца од голема кашлица затоа што не се вакцинирани. Па уште и родителите што одбиваат да ги вакцинираат децата си разменуваат искуства – магарешка кашлица се лечела со магарешко млеко.

Неписменоста порасна правопропорционално со бројот на факултети. И ајде, настрана простотилакот. Настрана недовербата во институции. Настрана неодговорноста кон средината. Ама, да не се верува во наука, туку да се верува во сатанисти и магарешко млеко!?

На времето, недисциплинираните ученици и тие што не сакаа да учат, учителките за казна ги ставаа во таканаречени „магарешки клупи“.

Зошто децата да страдаат, ако родителите биле за магарешка клупа?

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК. МК

Back to top button
Close