Магдевски: Секоја репрезентација заслужува почит

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Андреј Магдевски се осврна на ривалите кои нашата репрезентација ги доби во претквалификациите за Евробаскет 2029. За ривали македонските кошаркари ги добија: Ирска, Луксембург и Азербејџан.

Не не чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември и овие претквалификации ќе ги стартуваме со позитивен скор, изјави Магдевски.

Според распоредот во првото коло нашата репрезентација е домаќин на Азербејџан, а потоа гостува на Ирска. Во третата рунда сме домаќини на Луксембург, а потоа гостуваме на Азербејџан, последниот домашен натпревар го играме против Ирска, а во последното гостуваме на Луксембург. Првото коло се игра на 27.ноември 2025 година, а последното коло на 5.јули 2025 година.

Back to top button
Close