Магијата на празниците во секој кадар
Новогодишните и божиќните празници се време кога домот станува најубавото место за забава. Надвор е студено, светилките трепкаат, мириса на топло чоколадо и колачи, а семејството се собира на каучот за заеднички моменти и омилените божиќни филмови. Токму тие вечери, кога времето забавува, а вниманието е насочено кон уживањето дома, заслужуваат совршено визуелно и аудио доживување.

Телевизор кој ќе ја претвори секоја слика и секој кадар во вистинска уметност е новиот Samsung Neo QLED QN990F 8K. Дизајнерско совршенство што зрачи со елеганција и луксуз, создадено за целосно отсуство на отсјај или каква било рефлексија и светлосни пречки на екранот. Благодарение на Glare Free технологијата, секој момент останува кристално чист – дури и во најсветлите простории, со беспрекорно остра и светла слика. Со својот Infinity Air дизајн, телевизорот изгледа како да лебди на ѕидот, а големината од 85 инчи создава автентично кино-искуство во топлината на вашиот дом.
Како што се менуваат сцените на екранот, така и чувството е како навистина да сте таму – во срцето на приказната. Со Quantum Dot технологијата, боите оживуваат: живописни, прецизни и без кадмиум, секој тон носи доза луксуз и врвни перформанси без компромис. За звукот што ја раскажува приказната се грижат AI Mode и Adaptive Sound Pro, создавајќи аудио-искуство што се прилагодува и на просторот и на содржината. Гласовите се кристално чисти, музиката длабока, а ефектите моќни – звук што ве обвиткува од сите страни.
Замислете го само доживувањето на долгите празнични вечери со филмовите на Netflix или уживањето во сериите кои со нетрпение ги чекате. Со светлата пригушени и домот исполнет со празнична атмосфера, секоја сцена станува вистинско доживување. Оваа сезона е создадена за уживање во филмската уметност од дома – само препуштете му се на Samsung Neo QLED QN990F 8K да се погрижи за магијата.
А изборот не завршува тука. За оние што сонуваат за уште поголемо платно, Samsung го нуди и својот 98-инчен Neo QLED QN990F 8K Samsung Vision AI Smart TV. Вистинската магија започнува уште од првиот кадар, а вие веќе сте целосно нурнати во филмот – токму онака како што заслужуваат празниците.
Во пресрет на најубавите празници, Самсунг ви подарува дополнителни бенефиции и тоа, промотивна понуда за дополнителна заштита за секој купен 55-инчен или поголем Samsung TV, како и бесплатна достава и монтажа за секој купен 83-инчен или поголем OLED, Neo QLED, QLED или 98-инчен Crystal UHD телевизор.






