Магистер сум по кинезиологија со чиста 10-ка. Јас сум нај образованиот шалтерски работник со инвалидитед во општина Прилеп,распореден по казна.

Тој во објавата на неговата фејсбук страница напишал дека веројатно е нај образованиот шалтерски работник каде што раководството на општина Прилеп го распределила како што пишува „по казна“. Тој не е член или симпатизер на сегашната партија која владее во Прилеп. Еве го неговиот фб статус.
Вчера, 28 Мај 2025 година, за мене беше посебен ден. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје единица на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје беше одржан настан каде што на свечен начин беа доделувани дипломите за дипломираните студенти од прв и втор циклус на студии. Јас станав Магистер по Кинезиологија со просечна оценка ни повеќе ни помалку туку точно просек 10.00.
Вработен сум во Општина Прилеп, што навистина ми претставува огромна чест, работам како шалтерски работник под казна, но не можам а да не им се ,,заблагодарам,, за казната или наградата што раководството на ЕЛС Општина Прилеп ми овозможува да бидам најобразованиот шалтерски работник во Република Северна Македонија, односно не знам дали има друг шалтерски работник во Северна Македонија кој е магистер на науки, а особено и тоа што и во АВРМ односно во нивната евиденција на активни баратели на работа или на веќе вработени лица не знам дали има друго лице со звање како моето од истата област.
Имам особена чест да ги запознаам моите надлежни кои ме наградуваат, дека јас сум член на Македонската репрезентација за лица со инвалидност во пинг понг, државен правак повеќе од 20 пати и носетил на многу меѓународни медали, а особено чест ми претставуваат и титулите Најдобар спортист со попреченост на град Прилеп 8 пати.
Со набројаните успеси не ми е целта за да се фалам бидејќи тоа е лесно проверливо туку сакам да укажам на дека јас сум спортист и сум имал многу победи и порази, поразите не ги сваќам емотивно и разочарувачки. Со мојата диплома од ФФОСЗ за завршен втор циклус студии со просек 10.00 јас само ја доведов ЕЛС Општина Прилеп на врвот во кункуренција на сите општини и општо сите државни институции во Северна Македонија, како прва и единствена општина која ги ,,цени ,, своите вработени, каде магистри ги распоредува да бидат шалтерски работници наместо да придонесат нешто повеќе за организацијата во која работат, или пак можеби спортот е решен во Општина Прилеп а не сме разбрале, па нема потреба од стручно лице од областа спортот (единствен вработен од областа на спортот во Општина Прилеп) за унапредување на тој спорт.
Како и да е, се надеваме дека Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се бори за поголеми права на работниците и барем минималната плата ќе успеат да се изборат да се зголеми.
м-р Рубинчо Ристески шалтерски работник во општина Прилеп

Back to top button
Close