Магла на патните правци Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и Неготино – Демир Капија – Смоквица

k
Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и од 100 -150м. на патниот правец Неготино – Демир Капија – Смоквица. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Back to top button
Close