Магла на патните правци Тетово-Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема  во возилата.

Back to top button
Close