Магловито и облачно време со температури до 13 степени

Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко. Во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. По котлините ќе биде магливо и постудено, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус 5 до 1 Целзиусов степен, а во текот на денот од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, од УХМР велат дека денеска претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде умерено облачно и тивко. Температурата ќе се искачи до 7 Целзиусови степени.

За утре, синоптичарите велат дека времето ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови ќе има појава на магла по одделни котлини. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, утре претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде умерено облачно со ветер од северозападен правец. Температурата утре ќе биде од 6 до 12 Целзиусови степени.

Back to top button
Close