Mаици со ликот на детето-убиец се продаваат како сувенири. Граѓани бараат да се повлечат од продажба (ФОТО)
На позната интернет платформа за продажба на сувенири, понудени беа маици со ликот на момчето убиец (13) кој на 3ти мај го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград. ! Овие скандалозни маици ги вознемирија и згрозија граѓаните кои го посетуваат овој сајт.
– Добро позната платформа објави маици со ликот на момчето убиец, кои ги носат насмеани манекенки и чинат околу дваесет евра. Како инфаркт да ме погоди! Мислев дека некој прави несоодветна шега – ни изјави една корисничка на оваа популарна страница.
Нашата соговорничка вели дека овој потег е болен и бизарен и дека треба под итно да се прекине.
– Ве молам, може ли некој да направи нешто? Продажбата на овие мсици мора да се забрани! Сето тоа е благодарение на странските јутјубери, од Малезија, Индонезија… Прикачуваат лажни видеа од момчето и тажни приказни за него, а не знаат ништо за случајот и на тој начин создаваат лажна слика. Странци може да купуваат без воопшто да знаат кој е тој на маицата и какво страшно злосторство направил – ни раскажува читателката и додава дека неколку од нив контактирале на страницата во знак на протест и дека добиле формален одговор , но не е јасно дали ќе ги повлечат маиците од продажба.

Инаку, сајтот е регистриран во Мароко, а не во Србија. И навистина, кога во пребарувањето ќе се впише името на Коста. К., се појавуваат маици со неговиот лик. Маиците се за мажи и жени, со долги и кратки ракави, во сите бои и големини. Во центарот на маицата има голема слика на момче убиец со црна лента на очите, а на веб-страницата стои дека клиентот може да избере дали сака сликата да биде напред или назад.
– Цената на класичната маица со кратки ракави е 16,29 долари, додека на маицата со долги ракави е 24,59 долари. Има и поскапи маици, едната е за тренинг и чини 28 долари, а другата е долга кошула и нејзината цена е 29 долари по парче – објаснува нашиот извор и додава дека во овие кошули се фотографирани модели, девојки и мажи.






