„Макам-транс“ попладнево на состанок ќе одлучува за идните чекори на камионџиите
Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево на состанок ќе одлучува за следните чекори на транспортните превозници во земјава кои заедно со колегите од Западен Балкан четврти ден по ред го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини кон Шенген-зоната.

Најавениот состанок следува откако министерот за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе Стратегија за визи со која ќе се реши проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Со Стратегијата, наместо како туристи, возачите ќе бидат препознаени како професионалци, со што ќе им се овозможи престој во Шенген-зоната подолг од 90 дена.
Во известувањето на Европската комисија кое го сподели Николовски дополнително се наведува дека ЕК ќе соработува со земјите членки за да идентификува практични решенија за овозможување продолжени краткорочни престои за избрани категории државјани од трети земји.






