Макдонски изведувачи го одбележаа второто издание на Skopje Unplugged 2020
Посетителите на овогодинешното издание на Skopje Unplugged во петокот на бината во винаријата Камник, и со почитување на здравствените протоколи, имаа уникатна можност да чујат едни од најголемите македонски музички изведувачи во специјално прилагоден акустичен сет.
-Почитувајќи ги сите препораки на надлежните институции за заштита од коронавирусот, како и одлуката на Владата за одржување концерти и настани на отворено, Skopje Unplugged 2020 покажа дека е возможно музиката да не сплоти и да не поврзе дури и во услови на запазена физичка дистанца, наведуваат организаторите на манифестацијата ЈУ Универзална сала.
На овогодинешното издание на Skopje Unplugged фокусот беше целосно ставен на македонски изведувачи, на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња.
Започнувајќи во 7:07 часот попладне, на самото зајдисонце, фестивалот го отвори Сара Мејс, со изведба на нејзините најголеми хитови. Приустните потао ги забавуваше групата Фолтин, во уникатен акустичен стил со изведба на „Везилка“, „Милице“
За крај на концертот, свој настап имаше Тамара Тодевска со својот бенд и акустична изведба на дел од песните кои ја одбележаа нејзината богата кариера.
Фестивалот Skopje Unplugged е во организација на ЈУ Универзална сала, под покровителство на Град Скопје и со поддршка на винаријата Камник.