Македонци ќе отворат културен центар „Никола Вапцаров“ во Бугарија

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржаа иницијативата да се отвори македонски културен центар во Благоевград, а истиот ќе го носи името „Никола Вапцаров“.

„Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот“, велат од ОМО Илинден.

Бугарите претходно отворија културен центар во Битола, „Ванчо Михаилов“, но истиот беше запален.

Back to top button
Close