Македонците и Албанците различно ја перцепираат руската агресија врз Украина

Истражувањето покажува дека 56,8 отсто од испитаниците-Албанците сметаат дека за војната, која трае речиси цела година, e одговорна Русија, додека само 10,9 проценти од Македонците го велат истото – дека Москва е виновна.

4,5 проценти од Македонците ја сметаат Украина за одговорна за војната. Кај Албанците тој процент е поголем – 10,5 отсто велат дека Украина е виновна. Има голема разлика и во одговорот дека „некој друг“ е виновен – така се изјасниле 40,8 отсто од Македонците и 10,2 проценти од Албанците.

Разликата е забележителна и кај прашањето за тоа кого поддржуваат во војната – 47 отсто од прашаните Албанци ја поддржуваат Украина, а 41,1 проценти од нив не поддржуваат никого. Кај Македонците сликата е поинаква – 27 отсто поддржуваат Русија, а 18 проценти Украина.

Телефонската анкета е спроведена во периодот од 23 до 26 декември и во неа учестувале 1 119 испитаници

Back to top button
Close