Македонците од 14 мај ќе можат да патуваат во Грција, со потврда за вакцина или негативен тест

Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис уште еднаш го објасни владиниот план во пет точки со предусловите за патување во Грција: или вакцинација или негативен тест, во комбинација со контроли при влезот за доколку има позитивни посетители да се откриваат, хотели- карантин за изолација на заразените, вакцинација на туристичките работници, како и строго почитување на здравствените протоколи, „кои лани ги чуваа безбедни и туристите и граѓаните“.

Back to top button
Close