Македонец фатен во Србија со над 1.300 електронски цигари без дозволa
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Одделот за криминал, Службата за сузбивање на економски криминал, во координација со полицијата од Врање и по налог на Основното јавно обвинителство во Врање, го уапсија Х. (1995) од Република Македонија.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело недозволен промет на акцизни производи.
При контрола на патничко моторно возило кое го управувал осомничениот, во пртљажникот полицијата пронашла вкупно 1.303 електронски цигари („вејп“) од различни марки, кои биле пренесувани без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Република Србија.
Од полицијата посочуваат дека уапсениот ќе биде спроведен пред надлежниот јавен обвинител, а истрагата продолжува за утврдување на целосниот контекст на нелегалниот промет.






