МАКЕДОНЕЦ ИСЧЕЗНАТ ВО ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Семејството бара помош за наоѓање на младиот Стивен

 

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите.

Апел за помош: Семејството упатува молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат на следните телефонски броеви:

  • 076 415 0868
  • 076 385 7165
  • 078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот напишан на македонски јазик (4news)

Back to top button
Close