Македонец му е цимер на Груби во Шутка. Не се чуствувал безбедно од некој затвореници Албанци.

Уапсениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер обвинет за проневера на над 8 милиони евра во „Државна лотарија“, кој се предаде утринава околу 6 часот на граничниот премин Блаце, е сместен во затворот во Шутка со само еден затвореник, Македонец, од безбедносни причини.

До неговата затворска просторија има посебно, 24-часовно обезбедување.

Како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот „Скопје“ во Шутка, пред задолжителниот лекарски преглед, Груби бил прашан дали од некого од притворените не се чувствува безбедно, односно дали има сознанија дека во затворот има лице или повеќе лица од кои чувствува опасност.

 

„Притвореното лице Артан Груби одговори дека не се чувствува безбедно. На конкретно прашање од кого, тој ни кажа дека практично од сите, бидејќи како што рече, ‘и сами гледате, сè е против мене и сите се против мене’.  На дополнително прашање тој наведе дека е небезбеден од некои лица етнички Албанци за кои имал сознанија дека се во притвор во овој затвор, па ставен е со цимер Македонец. Други лица нема да има во таа просторија“, рекле за СДК  безбедносните служби од затворот.

Повеќе ТУКА

Back to top button
Close