Македонец палел празни вреќи со цемент во близина на Дрниш и предизвикал пожар, хрватските пожарникари гаснеле и со авион

Хрватската полиција приведе 54-годишен државјанин на Северна Македонија со регулиран статус во Хрватска под сомнение дека предизвикал пожар во Седрамиќ кај Дрниш со палење цементни хартиени кеси по градежни работи.

Полицијата утврдила дека маж запалил неколку хартиени кеси цемент во четвртокот попладне, откако извршил градежни работи во дворот на куќата.

Притоа избувнал пожар и неконтролирано се проширил кон селцето Чавале. Пожарот зафатил трева и ниска вегетација на површина од околу 100×100 метри.

Пожарникарите спречиле понатамошно ширење на пожарот и целосно го изгаснале во 19:36 часот. Во интервенцијата учествувале пожарникари со три возила, а од воздух се гаснело со Ер Трактор.

Полицијата го сомничи 54-годишникот за кривично дело загрозување на животот и имотот, а кривичната пријава била поднесена до надлежниот државен обвинител во Шибеник.

Back to top button
Close