Македонец стана светски првак во Дота 2 и со тимот освои 8,5 милиони долари!

Професионалниот македонски е-спорт играч, Мартин Саздов – Сакса денеска со неговиот тим Tundra Esports го освои трофејот на Светското првенство во познатата игра Дота 2.

Тимот на Мартин во финалето го победи  Team Secret со 3-0.

Првенството во Дота 2 има награден фонд од 19 милиони американски долари. Светскиот првак Tundra Esports  добива 8,5 милиони долари.

Back to top button
Close