Македонец возел со 184км/ч на на автопат во Србија и повредил полицаец

22-годишник од Македонија бил приведен од страна на српската полиција откако возел со 184 км/ч на автопатот кај Бујановац. Во таа прилика повредил полицаец, удрил и оштетил службено возило и го оштетил полицискиот радар.

„Му одредив притвор на државјанинот на С.Македонија Ј.А. (2002) бидејќи денеска возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац, удрил во службено полициско возило, при што во таа прилика бил повреден еден полицаец. При ударот бил оштетен и полицискиот радар. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари“, потврдил Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.

Back to top button
Close