МАКЕДОНИЈА 2008

Како што се враќаме од 2025 во 2008, нам ни преостанува да копаме гробови и да го бараме Александар.

Ај ЕУ што не ја научи лекцијата од 2008 кога Грција ни стави вето за влез во НАТО – баш им е гајле, тие си се ЕУ. Ама, ние што не ја научивме?

Не е ова нешто што не сме го виделе и што не сме го преживувале кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт. Ќе си живееме во сопствениот меур во партиски заробена држава.

Сѐ повеќе ме потсетува на 2008. Еве, дури и на Самитот „Македонија 2025“, гостинот кого Мицкоски со месеци ни го претставува дека е од „периметарот на Трамп“  блесна со изјавите дека е заинтересиран да вложува во археологија, оти чул дека во близина на Битола некој го нашол гробот на бабата на Александар Велики.

Дури и таа опседнатост на македонската власт со Трамп, како контратежа на превртливата и лажлива Европа, ме потсетува на 2008. Демек, Америка ќе нѐ спаси од залошништвото на ЕУ. Во април 2008, американскиот претседател Џорџ Буш беше уверен дека на Самитот на НАТО во Букурешт покана за членство ќе добијат Хрватска, Албанија и Македонија. Оти нели, трите земји бевме нераздвојната „јадранска тројка“ и летавме заедно „со јато во НАТО“. И оп, и покрај изјавите на Буш, и покрај неговиот најавен говор на плоштад во Загреб, веднаш по завршувањето на Самитот на кој требаше да се прослави приклучувањето на трите балкански земји, Грција стави вето, Хрватска и Албанија набрзо станаа членки на НАТО, а јатото се растури.

Така што и сега, кога од 2025 се враќаме во 2008, нам ни преостанува да копаме гробови и да го бараме Александар.

А и да го најдеме, големо фајде ќе видиме. И тоа што досега сме го нашле го уништуваме, не знаеме ни да го чуваме, ни како прикаска да го продадеме. А богами ни да го исчистиме од ѓубре.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close