Македонија ја доби Германија во квалификациите за Светското првенство 2022 година

Македонскиот фудбалски национален тим, ги доби денеска противниците за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

Силната Германија е фаворит во групата „Ј“. Останатите противници на нашата репрезентација се Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Со Германија за првпат ќе играме воопшто натпревар. Со останатите имаме играно во квалификациите. Со Ерменија игравме и во квалификациите, и во Лигата на Нации.

Ждрепката се одржа во Цирих, а подоцна ќе се определи и распоредот.

Back to top button
Close