Македонија Асоцијацијата на архитекти: Ние сме за зачувување на Универзална, но Град Скопје ни кажа дека нема пари за реновирање

Асоцијацијата на архитекти (ААМ) попладневно се дообјасни дека тие се за зачувување на Универзалната сала, а предлогот за нејзина „преселба“ го дале затоа што градот утврдил дека има потреба од поголема концертна сала. Ставот доаѓа откако токму по сугестија на ААМ, Град Скопје распиша конкурс за парк со летна сцена на местото на објектот, што пак наиде на остри критики

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) сега твдрди дека тие цело време биле за зачавување на Универзалната сала на постојната локација откако Град Скопје, токму по нивна сугестија, распиша конкурс за идејно решение за парк и летна сцена на местото на објектот.

Според ААМ, причината што тие воопшто дале предлог за преселба на објектот е одлуката на Градот Скопје да се гради нов објект, кој би бил поголем од постојниот.

„Она што останува како факт е дека постојниот објект на салата е во многу лоша состојба и не функционира повеќе од 5 години со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото. Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години. Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање“,велат од ААМ.

Тие го повикуваат Градот да ги презентира во јавноста сите наоди за овој објект, а доколку нема пари, повик упатуваат и кон Владата за да помогне во реконструкцијата.

Од Асоцијацијата најавуваат и дека ќе поднесат иницијатива до Општина Центар со цел во Деталниот урбанистички план оваа локација да биде со намалена површина за градина односно да остане во рамки на постојниот објект.

Последниот развој на настаните доаѓа по се погласните критики од општата но и упатената јавност за можноста Универзалната сала да биде срушена. Поранешниот градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој исто така прелагаше нов објект но на местото на стариот, ја наметна и тезата дека простор кај Универзална станува парк за да можат да се градат повеќе згради на парцелата на поранешна „Треска“. Односно, бидејќи и двете парцели се на ист Детален урбанистички план а на ДУП-от мора да има одреден процент зеленило, парк кај Универзална би отворил можност за повеќе бетон кај „Треска“.

Back to top button
Close