Банките ќе почнат да ги исплаќаат јунските пензии од 26 јуни

За да се избегне ризикот од ковид-19, Владата на денешната седница ја разгледала информацијата за предвремена исплата на јунските пензии, кои според владиното соопштение треба да почнат да се исплаќаат од 26 јуни.

Банките дале согласност, а Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до 25 јуни треба да ги достави податоците за пензиите до сите деловни банки.

Преку банкоматите и во трговската мрежа, сите пензионери ќе можат да ги користат пензиите од 26 јуни, додека исплатата на шалтер преку филијалите и експозитурите ќе се одвива во групи.

Планот за исплата на шалтери по групи е следен:

  • За пензии со висина до 11 000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);
  • За пензии со висина 11 001 – 14 000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);
  • За пензии со висина 14 001 – 18 000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник);
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).

На денешната седница Владата донесе одлука и за отворање на копнените граници без потреба од ПЦР-тест и самоизолација од 26 јуни. Отворањето на аеродромите во Скопје и Охрид, пак, ќе се случи на 1 јули.

Од петок ќе може да се седи и во затворениот простор во кафулињата и кафеаните, а почнуваат со работа и фитнес-центрите. Трговските центри, пак, ќе можат да работат и во недела.

Back to top button
Close