Македонија Чулев ја прифати дисциплинската мерка за неговиот советник кој нападна полицаец

Од Кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, во соопштение до јавноста информираат дека министерот го прифатил предлогот од Одделот за внатрешна контрола во МВР за изрекување најстрога дисциплинска мерка за неговиот советник кој на денот на изборите во Тетово нападна полицаец

„Во текот на вчерашниот ден на лицето Зоран Ѓоргевски по предлог на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди му беше изречена суспензија од работното место, а во текот на денешниот ден по иницијатива на истиот оддел беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до Министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка. Предлогот е прифатен од страна на Министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка“,се вели во соопштението

Од таму додаваат дека ова било потврда за неселктивно спроведување на законите.

„Во текот на изминатиот период во неколку наврати Министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба“се вели во соопштението.

Освен оваа мерка и суспензијата од работното место, МВР против советникот на Чулев поднесе и кривична пријава за насилство.

Back to top button
Close