Македонија ДКСК: Сестра ѝ на Катица Јанева е незаконски именувана во Комисијата за хартии од вредност

Лиле Делиџакова, сестра на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева била избрана за член на Комисијата за хартии од вредност без потполна документација, соопшти ДКСК. Антикорупционерите бараат одговорност од Владата – да се преземат санкции за лицата кои не запазиле рокови и зошто не е формирана Комисија за административна проверка на добиените пријави, како и зошто владината комисија за именување не си ја завршила работата.

„Тоа е она што постојано го коментираме за системска корупција, кога корупцијата се јавува во највисоките нивоа на државните органи, што останува за корупцијата во другите органи. Се е по Устав и по закон, но ништо не е правилно, а наше е да го обелодениме сето тоа“изјави на прес-конференција Катица Николовска, член на ДКСК..

На денешната прес-конференција ДКСК соопшти и дека ќе бараат разрешување на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија заради пропусти во финансисикото работење. Според антикорупционерите, Тозија исплатил 35 милиони денари за филмски проекти без банкарска гаранција, повикувајќи се на виша сила.

„Во врска со наводите за исплата на 27 филмски проекти кои биле во завршна фаза, побаравме целосна информација од директорот уште во мај и добивме листа со 29 филмски проекти, а истовремено од Министерството за култура добивме известување дека се исплатени 30-31 проекти. Конечно не може ни да се утврди колку фактички проекти биле исплатени во периодот помеѓу 20 и 23 март“изјави Владимир Георгиев, член на ДКСК.

На денешната седница ДКСК ја запре постапката против директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска – Ставридис, бидејќи не ги потврдиле наводите за местење на тендери и судир на интереси при набавките на лекови од веледрогеријата „Пановски“.

 

 

Back to top button
Close