Два активни пожари на отворен простор, еден под контрола, изгаснати 18 – информира ЦУК
До 8 часот утринава, на територија на државата се регистрирани вкупно 21 пожар од кои активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Велешко, каде што гори мешана шума и кај селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во Општина Македонски Брод, каде што се зафатени деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Под контрола е пожарот кај дојранското село Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума.
Според информациите на ЦУК, изгаснати се 18 пожари на отворен простор и тоа кај:
Општина Чучер Сандево: село Горњани (нискостеблеста шума)
Општина Чучер Сандево: над Црквата Св.Троица кај село Чучер (мешана шума)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ѓубре)
Општина Гази Баба: село Раштак према село Љуботен (ѓубре)
Општина Сарај: село Љубин (ѓубре)
Општина Сарај: село Крушопек према село Лака (ѓубре)
Општина Кисела Вода: бул. Борис Трајковски (градежни материјали)
Општина Битола: населба Баир (ѓубре)
Општина Долнени: село Црнилиште (депонија)
Општина Долнени: село Слепче (ниска вегетација)
Општина Кичево: ул.Прилепска (дива депонија)
Општина Струга: село Враништа (стрниште)
Општина Штип: Лакавички пат (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
Општина Пробиштип: село Петршино (ниска вегетација)
Општина Куманово: село Четирце (ниска вегетација)
Општина Куманово: село Пчиња (нискостеблести растенија и ниска вегетација)
Општина Кратово: село Туралево (грмушки и ниска вегетација)
Општина Теарце: село Слатино (ѓубре и ниска вегетација)