Maкедонија ќе добие 100 милиони евра од ЕУ


Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на РС Македонија во текот на оваа и наредната година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи насочени во областа на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската, ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

– Ова значи поддршка од ЕУ на земјата на патот кон членство во ЕУ, поддршка за реформите и најзначајно поддршка на политиките во време на криза. Таа стигнува како потврда на она што го преземаме откако претходно тоа беше потврдено и од меѓународните финансиски институции – истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

И заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, објави на својот Фејсбук профил дека Европската комисија денеска дала предлог да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија.

– Со оваа помош од 100 милиони евра уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи – напиша Маричиќ.

Back to top button
Close