Македонија ќе набави 400 илјади (800 илјади дози) вакцини против корона

Три вакцини се во фаза на одобрување, а се очекува процесот да заврши до крајот на годината. Државата обезбеди 400 илјади вакцини или 800 илјади дози. Вакцинацијата пак би започнала во првото тромесечие од наредната година, пренесе РСЕ.

Одобрувањето на некоја од вакцините против Ковид-19 кои ја поминаа и третата клиничка фаза во испитувањето се очекува до крајот на годината, а Македонија ќе набави вакцини за 20 отсто од населението, како и останатите земји во регионот. Станува збор за 400 илјади вакцини или двојно повеќе дози, 800 илјади, бидејќи едно лице ќе треба да прими две дози од вакцината. Вакцините се обезбедени преку Ковакс механизмот за глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини.

„Првата вакцина која ќе биде одобрена на пазарот ќе биде подеднакво дистрибуирана меѓу сите земји кои аплицирале преку Ковакс механизам. Во истиот момент кога ќе ја добијат вакцината најразвиените земји и ние ќе ја добиеме. Точно не се знае кога, но се очекува тоа да биде остварено на крајот на декември или јануари“, велат од Министерството за здравство.

повеќе

Back to top button
Close