Македонија го напушта друштвото на демократии и се приклучува кон проавторитарните држави

Македонската надворешна политика го менува стратешкиот курс. Во Советот Советот за човекови права на ООН го напушти друштвото на демократиите и им се приклучи  на државите со авторитарни тенденции кои ги поддржуваат ставовите на Москва.

Македонија заедно со Унгарија, Србија и Словачка не ја поддржа Декларацијата во Советот за човекови права на ООН со која се повикува Грузија да го укине својот закон за „странски агенти“, предупредувајќи дека ги задушува медиумите и граѓанското општество, претставувајќи сериозна закан за човековите права и демократијата.

На 56-тата седница на Советот за човекови права на ОН во Женева, 36 земји ја повикаа грузиската влада да го укине законот за „странски агенти“ донесен во средината на мај.

Оваа декларација беше иницирана од постојаната мисија на Литванија во Женева.

Во соопштението се нагласува дека, од перспектива на западните држави, овој закон е насочен кон сузбивање на независните медиуми и граѓанското општество во Грузија. Исто така, се истакнува дека законот претставува сериозна закана за човековите права и владеењето на правото.

„Ја повикуваме грузиската влада да го укине „Законот за транспарентност на странско влијание“, да стави крај на кампањата на заплашување против оние кои се противат на законот и да ја заштити слободата на изразување, здружување и мирно собирање“, се вели во соопштението.

Дополнително, авторите на изјавата ја повикуваат грузиската влада да престане и транспарентно да ја испита употребата на сила против мирните демонстранти, да преземе соодветни мерки за да се обезбеди безбедност на демонстрантите, активистите на граѓанското општество, членовите на опозицијата, новинарите и другите медиумски работници.

Декларацијата  ја потпишаа: Албанија, Австрија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Кипар, Чешка република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија,Украина, Обединето Кралство, Соединетите Американски Држави.

Македонија во изминатите години секогаш дејствуваше во тесна координација со овие демократрски држаави наспроти блокот на хибридните автократски држави како што е Унгарија, Србија и Словачка.

Back to top button
Close