Македонија и оваа година без напредок во борбата против корупцијата, покажува Индексот на „Транспаренси“
Македонија се наоѓа на 84. место на Индексот за мерење на корупцијата на „Транспаренси интернешенел“ за 2025 година. И оваа како и минатата година има 40 поени. Во најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“ е посочена загрижувачка слика на долгорочен пад на лидерството во справувањето со корупцијата, со ограничени знаци на напредок.

На годишниот извештај на организацијата што ја мери перцепцијата за корупција во 182 држави во светот, Македонија не напреднала во борбата, затоа што ги има истиот број поени, но поради падот на повеќе земји на индексот што беа пред неа, таа го дели 84. место со уште шест други земји. Во извештајот во 2025 година беше 88-ма. Најдобар резултат последнава деценија имаше во Индексот објавен во 2024 кога со 42 поени, кога Македонија беше 76 на листата.
Северна Македонија и понатаму е во друштво на Суринам, Виетнам, Казахстан и Танзанија. Од земјите од Западен Балкан, подобро рангирани од Македонија се Албанија со 42 поени на 80 место, Косово со 44 поени на 73 позиција и Црна Гора со 46 поени на 65 место.
Полошо рангирани од Македонија се Србија со 35 поени на 105 место и Босна и Херцеговина со 33 поени на 114 позиција на Индексот на корупција.
На годинашнава листа, ист број поени, 40, имаат Бугарија и Унгарија, кои бележат пад во рангирањето.
Овие податоци укажуваат дека борбата против корупцијата стагнира во целиот регион, а пури и во Словенија и во Унгарија. Дури и земјата која е прва на овој Индекс, со најамала корупција, Данска, бележи пад за еден поен во однос на 2024. Сега има 89 поени од 100. Втора е Финска, трет Сингапур, четврт Нов Зеланд.
Источна Европа и Централна Азија остануваат едни од регионите со најниски резултати во светот, со широко распространета неказнивост за корупција, водена од лични интереси кои доминираат во повеќето влади и нивните институции.
Западноевропските земји сочинуваат девет од десетте земји на глобално ниво во Индексот за перцепција на корупцијата. Сепак, напорите против корупцијата во голема мера се забавени во последниве години, при што просечниот резултат во регионот опаѓа побрзо од кој било друг






