МАКЕДОНИЈА, И ПОКРАЈ СЕ, НЕ Е ЧИРАК ВО МАНИФАКТУРАТА НА ТРАМП !?

Нам постарите, сеуште, во ушите, ни одзвонуваат “тешките” зборови на нашиот професор од Филолошкиот факултет, Димитар Митрев, од големиот протестен митинг, на градскиот плоштад во Скопје, а, по повод убиството на тогашниот црнечки лидер, Мартин Лутер Кинг: “Америка, црна во мислите, уште поцрна во делата”!
Чудни се патиштата божји. Многу години подоцна, неговата ќерка, Бог да и душа прости, во својство на шеф на македонската дипломатија, од чиста политичка прагма и од наравоучението на таткото на научната историја, Тукидит (“Големките го прават она што ќе им се ќефне, а малите она на што се приморани”!), беше токму таа, која, од истурената позиција, ја туркаше Македонија во преградките на САД.
Самиот пак, при еден подолг престој во Вашингтон, организиран од Филип Рикер, личен и голем пријател на Македонија, тогаш аташе за печат во Скопје, слободното време резервирано за посета на National Air and Space Museum,
замолив да го искористам за посета на хотелот на реката Потомак, каде Кинг го пишуваше својот историски говор, со кој помогна Америка да се промени, барем одвнатре.
И кога сите му аплаудиравеме на Трамп за неговото коперниковско преобразување од јастреб во гулаб, со вестите од преку големата бара, светот се пробуди во глобален мамурлок од шокот то ни го приреди “миротворецот”, грабнувајќи од брачна постела шеф на една суверена држава, заедно со неговата сопруга!!!
Да се разбереме. Сила бога не моли, односно како што пишува еден од неговите претходници, Барак Обама, во книгата “За смелоста и надежта”, Америка мора да има силна улога во целиот свет, но прашањето е како ќе ја игра?
Овој пат Трамп, ја одигра како голем преседан, светот го остави подзинат во неверување, како непријателите, така и пријателите. Затечена беше и “старата дама” Европа, која, во името на САД, војува во Украина, пoд геслото:” нарушен интегритет на суверена зема со руска агресија”. Дополнително, Трамп најавува нарушување на суверенитет и на европска земја, те уште и членка на НАТО!?
Парадоксот да биде поголем, токму Украина побрза “во корист на својата штета”, да му аплаудира на Трамп, што беше “морало!” (приморано), ама што мораше наша Македонија да го прави истото, кога не беше “морално!” и во буквална и во преносна смисла!?
Да се изјави дека “Македонија ќе поддржува постапки на стратешкиот партнер, какви и да биле тие!”, е навистина премногу. Нема сомнение дека “ние и Америка” сме толку силни што никој ништо не ни може, но, ние, сепак, сме во Европа, а заедничка моќ што ја имаме со САД, има нула значење во отсранувањето на блокадата кон Брисел. Сега ќе биде уште позабетонирана. Во Париз, во Братислава, во Мадрид…А колку може Будимпешта да ја турне браната, се виде и досега.
Ние, навистина не можеме без ЕУ, особено не можеме без НАТО. Но, и НАТО не може без Америка. А, ако се случи она што Трамп го најавува за Грендланд, тогаѓ ќе нема ниту НАТО, ниту Америка за нас. Тоа не го велам јас, тоа го вели данската премиерка.
Македонија, без ЕУ, како така, ќе живее. Без НАТО нема да преживее. Ќе остане само дебелото банковно салдо на Шеќерламата, брзозборката, во седлото на домашна помошничка на Руте!
Македонија без Калето и НАТО, нема иднина во оваа форма од држава и територија. Разделбата на Калето и Нато, истовремено е и разделба на Македонците и Албанците, читајте – поделба, и колку тоа и да ви звучи петерано.
Погоре наведов мој престој во Вашингтон. Таму бевме и Македонци и Албанци. Сеуште се живи, сеуште први ми честитаат божиќ. Колеги, тетовчани. Тие во мене не препознаа албано фоб (сепак јас сум тој кој го направи првото комерцијално радио на албански јазик, заедно со турски и влашки во Охрид и за тоа доби пресуда од “Заштитниот комитет”! ), напротив, кога, на еден од професорите, му предочив: “вие од Вашнгтон не гледате со исти очи кон Македонците и Албанците во Македонија”!
Професорот, мудру ми одговори: “ама вие тоа го гледате од Скопје не од Вашингтон! Ние одавде, на Балканот, гледаме само милипн Македонци, ако сте и толку, а, барем 5 милиони Албанци”!
Зошто тогаш ние би се истрчувале, уште пред Европа да го изгради својот став, сеедно дали е тој “уравнотежен!”, или лицемерен!? Ако некој однапред претпоставил дека Европа унисоно ќе тргне по нашиот акал, тогаш ништо не научил од историјата, изумил дека уште еднаш ќе бидеме насамарени!
И да се разбереме. Кога велем МАКЕДОНИЈА, И ПОКРАЈ СЕ, НЕ Е ЧИРАК ВО МАНИФАКТУРАТА НА ТРАМП, упатувам
Упатувам забелешка, апал – како сакате, кон целото општество. Тоа што сега позицијата и опозицијата се препукуваат за тоа кој е “поголем од Папата’ во поддршката на Трамп, е само претстава за мали деца. Погоре ви напишав за парадоксот на професорот Митрев, а сега едно лично сведочење – до каде оди сервилноста кон САД.
Во исправњаето на “кривата Дрина”, што ја направи Тупурковски со признавањето на Тајван (“милијардата долари на Циле”!), се обоидв да дадам и свој придонес. Кинезите се стара и неверојатна цивилизација. Ова со Венецуеала, во прв ред, се први “за да им пукне козата на Кинезите”, но залиудно тоа го прави Трамп. Тоа нема да му помине.
Кинезите, во односите со другите држави, печалат пријатели на начин што не прават разлики и поделби на мали и големи, ист гтретман кон сите.
Водев државна делегација во Пекинг. Таму Зоран Иванов, во име на МИА, потпиша договор за соработка со првиот човек на КСИН ХУА, а Гордана Стошиќ, во име на МРТВ, со првиот човек на Секинеската телевизија. Нашата МИА немаше шеесетина, а нивната, во тоа време, имаше 6.000 вработени (“ако те прашаат за бројот во МИА, множи со десет!”, ми дошепна амбасадорт Ефремов!), Телевизијата – шеесетина илјади, а Секинеското здружение на новинаси – 700.000!!!
Што се случи кај нас. Во возвратна посета беше кинескиот заменик министер за информации. Нашето МНР и кинеската Амбасада во Скопје имаа усогласено прпотоколарна агенда за престојот. Дента, првин бевме кај Шеќеринска, тогаш потпретседателка на Влада, потоа посета на Калето, те во МРТВ кај Стошиќка, Бог да и душа прости. За “цреша на тортата” – прием кај претседателот Република Македонија, Бранко Црвенкоски.
Дури пред крајот од планираното време во МРТВ, се јави “шефицата на шеВот”, фамозната, Наташка Савова:” кај нас не доаѓајте, само што ни јавија, Америка не призна под уставното име, одиме во Амбасадата на САД”!!!???
Веле Митаноски






