Македонија и седум други држави од НАТО не поддржаа помош за Украина до победа

Македонија и седум други земји – Албанија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Турција, Црна Гора и Грција – не го поддржаа т.н. „Украински договор“ за поддршка на Киев, кој беше објавен во рамките на самитот на НАТО во Вашингтон.

Пактот вклучува пакет иницијативи, како и посветеност да ѝ се помогне на Украина додека не победи против руската агресија, а беше поддржан од лидерите на Велика Британија, Германија, САД, Франција, Јапонија и 17 други земји.

Во моментов не е јасно на што се должи македонската позиција, иако новата влада и новата претседателка црвсто застанаа на проукраинска позиција во војната што ја започна Русија.

„Денеска го објавуваме склучувањето на Украинскиот договор за координирање и забрзување на нашите колективни напори за справување со сеопфатните безбедносни потреби на Украина, како што е наведено во заедничката декларација на Самитот на НАТО и договорите и аранжманите во областа на безбедноста, кои секој од потписничките на договорот склучи со Украина“, се наведува во документот.

Потписниците на договорот изјавуваат трајна намера и посветеност да се осигураат дека Украина може успешно да ја брани својата слобода, независност, суверенитет и територијален интегритет денес и да ги одвраќа актите на агресија во иднина.

Се предвидува забрзување на напорите за изградба на идните украински сили, континуирана поддршка за Украина – воена и економска, обука и други.

Во исто време, унгарската влада ги обвини своите партнери во НАТО за двојни стандарди и неуспех да се справи со војната на Русија против Украина, што предизвика возбуда на крајот од самитот на НАТО во Вашингтон, јави ДПА.

По завршувањето на самитот, учесниците рекоа дека Унгарија била изолирана за време на дискусијата. Неколку земји, исто така, јасно го изразија своето несогласување со изјавите на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, забележува ДПА

Back to top button
Close