Македонија можна тампон зона за бегалци?
Сер Кир Стармер беше игнориран од Албанија, чиј премиер ја отфрли можноста Велика Британија да ги испраќа одбиените баратели на азил во Албанија, објавија дел од светските медиуми.
При неговата прва посета на Албанија, премиерот објави дека Велика Британија ќе започне разговори со други земји за да биде домаќини на „центри за враќање“
Објавата предизвика критики поради сличностите со шемата за депортација на конзервативците од Руанда, која беше напуштена од лабуристите.
Албанија веќе е домаќин на два центри за притвор на мигранти од Италија и претходно беше идентификувана од владини извори како една од потенцијалните локации во западен Балкан за центрите.
Сепак, на заедничката прес-конференција со Сер Кир во Тирана, Еди Рама, албанскиот премиер, го отфрли предлогот.
„Уште од првиот ден кога го започнавме овој процес со Италија, бев многу јасен дека ова е еднократен настан со Италија поради нашата многу блиска врска, но и поради географската положба, што има многу смисла“, рече тој.
„Неколку земји нè прашаа дали сме отворени за тоа и ние рековме не затоа што сме лојални на бракот со Италија.“
Отфрлањето од страна на Албанија дојде само неколку часа откако Сер Кир го потврди планот за преселба, според кој одбиените баратели на азил ќе бидат задржани во центрите сè додека не можат да бидат депортирани во нивната матична земја.
Како што пишуват светските медиуми потенцијални партнери би можеле да бидат Србија, БиХ и Северна Македонија. Сер Кир рече дека иницијативата би можела да биде дел од „арсеналот“ на Велика Британија во справувањето со нелегалната миграција.
Владата е во преговори со девет други земји за кои министрите се надеваат дека ќе бидат домаќини на центри за враќање, објави „Тајмс“.
Тој изјави за „GB News“: „Она што сега сакаме да го направиме и за што дискутираме, зборуваме, се центри за враќање, односно каде што некој што поминал низ системот во Велика Британија, треба да биде вратен и мора да се осигураме дека ќе биде вратен ефикасно и ќе го направиме тоа, преку центри за враќање.
Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава предвиден е и прием на мигранти.
Според премиерот Мицкоски, договорот е јасен и таква работа нема.
– На ова прашање одговор даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор меѓу тамошниот премиер и премиер на една земја во Европската унија за изградба на кампови каде што Албанија ќе прими неколку десетици илјади мигранти. Аналогно на тоа таа тема се пренесе тука, но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердуви мислејќи така дека ќе то оцрнат овој стратешки договор и дека ќе нанесат штета на имиџот и работата на владата. Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема – истакна премиерот Мицкоски.
Европската Унија во мај 2025 година предложи нови механизми за управување со миграцијата, кои вклучуваат можност за враќање на мигранти во „безбедни трети земји“ дури и без директна врска со тие држави. Во декември 2024 година, ЕУ веќе го отвори прашањето за вклучување на Западен Балкан во новиот Пакт за миграција и азил – процес кој треба да започне во јуни 2026 година.
Целта, според Европската комисија, е да се зајакне регионалната соработка, да се олесни враќањето на нелегални мигранти и да се поттикне усогласување со европските стандарди. ЕУ досега има инвестирано преку 350 милиони евра во управување со миграцијата во регионот, а најновата транша од 60 милиони евра е одобрена во 2024 година за поддршка на Србија, Северна Македонија, Босна и Црна Гора.