Македонија Муслиу: Ако не сакаат пратенички трансфери, нека го сменат Изборниот законик

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во интервју за 24 вести изрази изненаденост од реакцијата на еден од лидерите кои се пожали дека некој се обидува да ги придобие пратениците кои го добиле мандатот од нивната листа. Тој смета дека тоа не е практика само во нашиот парламент, туку постои и во високо развиените демократии, како на пример во САД.

„Јас верувам дека такви разговори со пратеници има, но сепак, новото мнозинство, новата влада ќе се раководи од програма. Ако во преговорите за таа програма и за постигнување компромиси се постигнат целите на тие групи, тогаш нема дилема дека такво нешто би се случило“,

вели Муслиу.

За да не се отвара повторно истото прашање, Муслиу сугерира измена на изборниот модел.

„Гледам дека сите политичари се бунат против ова разговарање со пратеници и се однесуваат како да се вождови, па сега во нивното „стадо“ никој не смее да има различно мислење. Тоа се случувало, се случува и во иднина ќе се случува. Па дури и во една Америка, во Сенатот имавме преминување од една на друга страна. Ова треба да им биде поттик да го сменат изборниот модел и конечно, граѓаните да одлучуваат кој ќе биде пратеник а не партиите“,потенцира Муслиу.

Back to top button
Close