Македонија не е блокирана од Бугарија, туку од Франција, вели шефот на ЕПП, Манфред Вебер
Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, пред денешниот самит на ЕУ ја фрли целата вина за блокирањето на Македонија врз една земја – но тоа не е Бугарија. Вебер рече дека „веќе имало момент“ да ѝ се даде зелено светло на Македонија, но „тоа не беше Бугарија, туку Франција која го спречи тоа“. Тој додаде: „Мораме да бидеме јасни сега, мора да бидеме одлучни, мора да покажеме лидерство“ и да дадеме „јасна временска рамка“ за Западен Балкан.
Но, во исто време Вебер вели дека ЕУ не може да прифати нови земји-членки. На прашањето во интервјуто за еден германски медиум – дали ЕУ моментално може да прифати нови членки? Вебер одговара:„Јасно не. Ние Европејците не сме подготвени за бурите што ќе го зафатат нашиот континент во годините што доаѓаат. Итно ни треба реформа на структурите на ЕУ. Условот за едногласност во надворешнополитичките одлуки мора да си замине. И мора конечно да го зајакнеме одбранбениот столб.
Вебер, кој е и претседател на групата на ЕПП во Европскиот парламент, вели дека е потребен обврзувачки распоред за земјите од Западен Балкан да се приближат кон ЕУ – да излезат од неизвесноста во последните неколку години. „Дали сакаме да ја извеземе нашата стабилност или да ја увеземе нестабилноста на Западен Балкан? Мора конечно да им покажеме на државите дека се добредојдени, но и да им ставиме до знаење дека тоа е во нивни раце. Ним им требаат далекосежни реформи пред да влезат во ЕУ“. Што е контрадикторно со претходното втврдења дека Франција, а не Бугарија ја блокира Македонија. Затоа што отворањето на преговорите не е во македонски раце, туку во европски (бугарски или француски).
Дали навистина само Франција и Бугарија стојат на патот? Шолц ја предупреди Србија дека нема да стане членка на ЕУ доколку не ја признае независноста на Косово и побара од Белград да одлучи помеѓу поддршката на ЕУ и застанувањето на страната на рускиот претседател Владимир Путин.
Ппвеќе на Независен