Македонија одигра нерешено со Унгарија на стартот на ракометното СП
Македонија со нерешен резултат 27-27 против селекцијата на Унгарија, го стартуваше Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Вечерва во Вараждин се одигра возбудлив, борбен и крајно неизвесен натпревар во кој двете селекции се менуваа во водството.
Кузмановски беше најефикасен со девет гола, а кај Унгарците Илиќ реализираше шест гола.