Македонија падна за четири места на ранг листата за корупција

Земјава падна за 4 места на ранг листата за корупција Global Risk Profile на Швајцарскиот институт кој ја истражува корупцијата во 199 земји во светот.

Македонија годинава се најде на 85 место во светот (лани беше на 81), во група со Палау ( 84) и Брунеи (86).

Во светот најиска корупција има во Финска, Норвешка и Нов Зеланд, додека во нашиот регион најдобро рангирани се Словенија 29, Грција 37 и Хрватска 47 место, а пред земјава рангирана е и Бугарија на 54 место.

Зад нас се Црна Гора на 89 место, Србија (92), Косово (122) Албанија (125) и Босна и Херцеговина (131).

На дното на листата се Либија, Сирија и Северна Кореја.

Back to top button
Close